9 мај 2024 / Вести
Поводот Денот на Европа на 9 Мај, Меѓународниот универзитет Визион организираше традиционален панел посветен на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.
Панелот започна со поздравните говори на основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет Визион Проф. д-р Фадил Хоџа, и на проректорот по меѓународни односи Проф. д-р Зоран Филиповски.
На панелот, кој го привлече големото внимание на студентите, модератор беше деканот на Правниот факултет на Меѓународниот универзитет Визион, доц. д-р Јордан Делев. Освен нив, другите говорници на панелот беа Доц. д-р Ебру Ибиш и Доц. д-р Азам Кербајрам од Меѓународниот универзитет Визион, кои имаа различни презентации за учесниците.