СО ДРЖАВНАТА БОЛНИЦА ВО ГОСТИВАР ВИЗИОН ПОТПИША ПРОТОКОЛ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

За време на посетата во Државната болница во Гостивар, беше потпишан протокол за институционална соработка помеѓу Ректорот проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН и директо...

10 април 2025 / Вести

СО ДРЖАВНАТА БОЛНИЦА ВО ГОСТИВАР ВИЗИОН ПОТПИША ПРОТОКОЛ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

За време на посетата во Државната болница во Гостивар, беше потпишан протокол за институционална соработка помеѓу Ректорот проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН и директорот на Државната болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, д-р Бесник Зекири.

Ректорот проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН му изрази благодарност на директорот д-р Бесник Зекири за потпишаниот протокол за соработка и за гостопримството, при што имаше можност да ги разгледа одделенијата на болницата. Воедно, се информираше за функционирањето и значењето на болницата.