7 мај 2026 / Вести
На ден 6.5.2026 г. во Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, виш лектор м-р Сунчица Трифуновска Јаниќ вработена на Меѓународен Универзитет “Визион” во Гостивар, успешно ја одбрани својата докторска дисертација со наслов: „Етимолошка анализа на лексеми од тематската област хидрографија“, под менторство на проф. д-р Гоце Цветановски, и се стекна со титула доктор по хуманистички науки (Македонистика-Применета лингвистика и македонистика). Од името на Меѓународниот Универзитет “Визион” и честитаме на нашата ценета колешка.