10 јуни 2022 / Вести
Меѓународниот универзитет „Визион“ беше домаќин на конференцијата на „Меѓународниот конгрес за економија и менаџмент - ИЦЕБ 2022“.
На отворањето на конференцијата присуствуваа и претставници на Универзитетот „Сакарија“ од Република Турција и Универзитетот за применети науки „Сакарија“, како и академци од многу различни земји.
Конференцијата беше отворена од страна на директорот на Апликативниот и истражувачки центар за сметководство и финансии „Муфам“ при Универзитетот „Сакарија“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан и проректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Менсур Нуредин.
За потсетување, во Гостивар се одржа првата конференција на ИЦЕБ, чиј домаќин беше Универзитетот „Визион“.