НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН СЕ ОДРЖА IX. СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ

Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН (МУВ) ја одржа својата IX. Свечена церемонија на доделување дипломи во атмосфера исполнета со голема свеченост и бројно прису...

15 јуни 2026 / Вести

НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН СЕ ОДРЖА IX. СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ

Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН (МУВ) ја одржа својата IX. Свечена церемонија на доделување дипломи во атмосфера исполнета со голема свеченост и бројно присуство. На настанот, организиран во Гостивар, присуствуваа академици, студенти и нивните семејства, претставници на јавни институции и организации, невладини организации, политички партии, како и голем број гости од земјата и од странство.

Свеченоста започна со интонирање на државните химни на Република Северна Македонија и на Република Турција, по што следуваше видео-презентација посветена на активностите и достигнувањата на Универзитетот.

Во рамките на програмата, пред присутните се обратија ректорот на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН, Проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН, градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Валбон ЛИМАНИ, поглаварот на ИВЗ во Северна Македонија, Реис-ул-Улема Хаџи Шаќир ефенди ФЕТАХУ, главниот советник на претседателот на МХП, Проф. д-р Мухамет Ханифи МАЏИТ, заменик-генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Саит ЈУСУФ, како и амбасадорот на Република Турција во Скопје, Г-динот Фатих УЛУСОЈ.

На церемонијата присуствуваа и основачот-ректор на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН, Проф. д-р Фадил ХОЏА, пратеникот во Собранието на РСМ д-р Бејџан ИЛИЈАС, претседателот на ТМБХ Ердоган САРАЧ, потпретседателот на ТДП Фикрет ИБРАХИМ, поранешниот министер и пратеник Проф. д-р Аднан КАХИЛ, раководителот на Катедрата за турски јазик и книжевност во Штип, Проф. д-р Махмут ЧЕЛИК, советникот за образование при Амбасадата на Република Турција во Скопје, Али Риза АЛТУНЕЛ, координаторот на Институтот „Јунус Емре“ во Северна Македонија, Јунус ДИЛБЕР, координаторот на училиштата „Маариф“ во Северна Македонија, Генералниот директор на ХАЛКБАНК АД Скопје, д-р Фатих Шахбаз, Осман ДЕМИРГУЛ, директорот на Основното училиште во Гостивар, Нури МАЗЛАМ, директорот на Основното училиште во Врапчиште, Вејсел САИТ, заменик-директорот на Гостиварската гимназија, Ахмет Нафи ИБРАХИМ, заменик-директорот на Средното медицинско училиште во Гостивар, Зекерија ХАСИП, членот на Советот на Општина Гостивар, д-р Шерафетин БЕБА, членовите на Одборот на доверители на Универзитетот, проректорите, наставниот кадар, директорите на училиштата, претседателите на здруженијата и претставниците на медиумите.

По протоколарните обраќања, на дипломираните студенти свечено им беа доделени дипломите. На церемонијата беа врачени и сертификати за успех и плакети на студентот на генерацијата, како и на најуспешните студенти од факултетите и на студиските програми.

По доделувањето на дипломите, дипломците и нивните семејства ја споделија радоста и возбудата на овој значаен момент. Програмата продолжи со заедничко фотографирање и традиционалното фрлање на академските капи.

Свечената церемонија заврши во празнична атмосфера, при што дипломираните студенти ја споделија својата радост со семејствата, академскиот кадар и со бројните гости.