16 декември 2022 / Вести
Новоизбраниот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа и проректорот проф. д-р Менсур Нуредин го посетија претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во неговиот кабинет.
За време на посетата беше претставен новиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, а на претседателот на Собранието му беше врачена покана за церемонијата на севечено доделување на дипломите што ќе се одржи на 20 декември.