22 ноември 2023 / Вести
Седмиот традиционален шаховски турнир се одржа на Меѓународниот универзитет „Визион“ на 21 ноември 2023 година. На денот на турнирот, на кој интензивно учествуваа студентите, од страна на ректорот проф. д-р Ахмет Веџди Џан, им беа врачени сертификати. Шаховскиот мајстор од Северна Македонија д-р Осман Сали играше симултана партија шах против 15 лица. На сите 15 одиграни игри д-р Осман Сали победи. Турнирот ќе продолжи да се одржува традиционално и во наредните години.