9 мај 2023 / Вести
Денот на Европа - 9 мај се обележи во рамките на манифестација која веќе традиционално ја организира Правeн факултет при Меѓународен Универзитет Визион.
Во рамките на овој настан универзитетот денеска организира научна и јавна трибина на тема: Евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија на патот кон нејзино зачленување во Европската Унија
по повод 9 мај - Денот
на Европа.
Во рамките на оваа трибина, обраќање имаа Проф.
д-р Зоран Филиповски, доц. д-р Ебру
Ибиш и дипломатот Зоран Барбутов.
Присутните го изразија своето задоволство од
организацијата на оваа јавна трибина, а воедно разменија мислења и искуства
околу прашањата за тоа до каде е Република Северна Македонија на патот кон
евроинтегративниот процес.