8 април 2025 / Вести
На 26 Меѓународен симпозиум под наслов „КВАЛИТЕТ- ВЧЕРА, ДЕНЕС И УТРЕ“ што се одржа во Шибеник, Република Хрватска, од 2-4 Април, 2025, свое учество одбележаа деканот на Факултетот за инженерство и архитектура проф. д-р Ајбејан Селим и доц. д-р Цветанка Велкоска од Меѓународен универзитет Визион, Гостивар, Северна Македонија.
На покана на претседателот на Хрватското друштво на менаџери на Хрватска, и членот на Светската академија за квалитет проф. д-р Мирослав Дрљача, на првиот ден од симпозиумот на пригодна свеченост беше промовирана монографијата МЕНАЏМЕНТ НА КВАЛИТЕТ (Знаења за квалитет, индустриски развој и еволуција на менаџмент на квалитет), научно дело на авторката доц. д-р Цветанка Велкоска. Промоцијата на книгата започна со претставување на нашиот универзитет од страна на проф. д-р Ајбејан Селим.
Во текот на дводеневната работа на симпозиумот од страна на професорите беа презентирани два научно-истражувачки труда, и тоа:
доц. д-р Цветанка Велкоска го презентираше научниот труд: A VALUE-DRIVEN APPROACH TO QUALITY 5.0: INTEGRATION OF EPISTEMIC FLUENCY AND INNOVATIVE THINKING, подготвен од авторите доц. д-р Цветанка Велкоска и проф. д-р Ајбејан Селим,
проф. д-р Ајбејан Селим го презентираше научниот труд: LEVERAGING UNIVERSITY INFORMATION SYSTEM DATA FOR QUALITY ASSURANCE IN HIGHER EDUCATION INSTITUTIONS, подготвен од авторите проф. д-р Ајбејан Селим и доц. д-р Цветанка Велкоска.
Симпозиумот беше извонредна прилика да се разменат теоретски и стручни знења во областа на квалитетот со веќе афирмирани истражувачи од академската средина, и искусни професионалци од компании и институции кои го практикуваат квалитетот.