14 октомври 2022 / Вести
Во рамките на посетите на делегацијата од Меѓународниот универзитет „Визион“ на различни институции и организации во Турција, се возврати и посетата на претседателот на Одборот за квалитет на високото образование, проф. д-р Мухсин Кор.
На средбата присуствуваа ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа, проректор проф. д-р Менсур Нуредин и претседателот на надзорниот одбор на Меѓународниот универзитет „Визион“ г. Мефаил Реџеп.
За време на средбата се разговараше за можностите на соработка помеѓу Меѓународниот универзитет „Визион“ и Одборот за квалитет на високото образование на Турција.