2 ноември 2025 / Вести
Меѓународниот Универзитет Визион и Универзитетот во Синоп потпишаа протокол за академска соработка.
Протоколот опфаќа развој на заеднички образовни и истражувачки активности, поддршка на програми за размена на академски кадар и студенти, како и спроведување на заеднички научни публикации и проекти.
На церемонијата за потпишување присуствуваа проректорот на Универзитетот Визион, проф. д-р Менсур Нуредин, и проректорот на Универзитетот во Синоп, проф. д-р Мухитин Јилмаз.
Очекувањата се дека овој договор ќе придонесе значително за зајакнување на академските врски помеѓу двете универзитети, зголемување на научната продуктивност и поттикнување на меѓународната соработка.