6 ноември 2023 / Вести
Меѓународниот универзитет „Визион“ учествуваше на Меѓународниот симпозиум насловен „Ататурк и Балканот во чест на 100-годишнината од Републиката“, организиран од Институтот за истражување во турскиот свет при универзитетот „Еге“ во Измир, во чест на 100-годишнината на Републиката.
Како гостин на воведната програма, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан, одржа говор на симпозиумот. На воведниот панел учествуваше проректорот проф. д-р Менсур Нуредин, кој одржа презентација насловена како „Турските дела во историјата на Македонија и нивните траги денес“.