14 октомври 2024 / Вести
Ректорот на Меѓународниот универзитет Визион, проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН и проректорот, проф. д-р Абдулмеџит НУРЕДИН, на 10 октомври 2024 година, го посетија Министерот за здравство на Република Северна Македонија, проф. д-р Арбен ТАРАВАРИ. За време на посетата, му посакаа успешна работа во Министерството. Во текот на оваа посета, се разговараше за можностите за соработка меѓу Министерството за здравство и Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот универзитет Визион, како и за идни заеднички проекти. По тој повод, го поканивме нашиот Министер за здравство да го посети Факултетот за здравствени науки на нашиот универзитет.