ИНСТИТУТОТ ЗА БАЛКАНСКИ СТУДИИ


ЗА ИНСТИТУТОТ

Институтот за балкански студии при  Меѓународен Универзитет Визиион  го зазеде своето место во структурата на универзитетот во 2018 та година и иницираше истражувачки активности во истата академска година.

Мисија и Визија 


МУВ Институтот за балкански студии на Меѓународниот Универзитет Визион како научно-истражувачка установа, со самото свое основање, развива механизми за континуиран развој и за подобрување на квалитетот на изведување на научните и применливите истражувања и  дава препознатливи услуги на пазарот во областа на наставниот процес преку:

- исполнувањетo на критериумите во областа на организацискиот менаџмент и изведувањето, што опфаќа критериуми за развој и стратегија на МУВ Институтот за балкански студии на Меѓународниот Универзитет Визион, управување, внатрешно обезбедување на квалитетот и културата на квалитетот, човечките ресурси, информациските системи и финансискиот менаџмент,

- исполнувањето на критериумите во областа на наставата и учењето, што опфаќа критериуми за процедури за обезбедување на квалитет на студиските програми, квалитет на академскиот кадар, процедури за оценување на студентите, процедури за соодветно информирање на студентите, квалитет на материјално- техничките ресурси, меѓународна соработка,

- исполнувањето на критериумите во областа на истражувањето, развојот и/или креативните активности, што опфаќа критериуми за стратешко планирање и континуиран мониторинг на научно- истражувачката/ уметничката дејност, систем за поддршка на научно- истражувачката/ уметничката дејност, науката како поддршка на стопанството, систем на финансирање на научно- истражувачката/ уметничката дејност, супервизија на студентското истражување и докторските студии, оценување на квалитетот на академскиот кадар на високообразовните и научно- истражувачките установи во државата согласно научно- истражувачките подрачја од меѓународната фраскатиева класификација, евиденција за резултатите од реализацијата на практична примена од научно- истражувачката, развојната и апликативната дејност, и 

- исполнувањето на критериумите во областа на општествената оправданост, што опфаќа критериуми за информација за јавноста, стратегиски цели за доживотно учење, популаризација на научно- истражувачките/ креативните активности и вклучување на високообразовната установа во општествениот развој.   


Акредитација

Институтот за балкански студии е  акредитиран во 2018 година.

            - Акредитација на Институтот за балкански студии:  Кликнете на врската за да пристапите до документот за акредитација.


ДЕЈНОСТ НА ИНСТИТУТОТ 

МУВ Институтот за балкански студии- Ерол Олчок е научна установа која работи на наставно-образовната дејност, основни, применети и развојни мултидисциплинарни научни истражувања, како и на нивно постојано унапредување во областа на книжевноста, културата, културата, образованието, уметноста, архитектурата експертската и консултантската работа, со цел применливост на научните сознанија,  споделување и популаризација на стекнатите сознанија со индивидуалци, и со јавниот и приватниот сектор на национално, регионално и меѓународно ниво. 
Основна задача и цел за формирањето на оваа институција е поставување на основи за функционирање на неопходни проекти, а со тоа и градење на специјализирани кадри од повеќе научни подрачја, кои ќе ги прошират сознанијата за нашето културно-историско наследство, но истовремено и ќе ја афирмираат научната мисла на Балканот во европски и светски размери.
Институтот за Балкански Студии- Ерол Олчак има  цел сестрано да го проучува Балканските јазици, и јазиците на цивилизациите, старо турскиот јазик, културата, историјата, архитектурата на балканскиот полусостров и да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот се зацртани преку пет следните области и тоа: историја на Балканот, современи Балкански јазици, Култура, архитектура, уметност, книжевност и антропологија на Балканот.
Во својата научноистражувачка дејност од областа на општествените и хуманистичките науки, Институтот, уште во самиот почеток, ќе вложи труд да стане познат научен центар за мултидисциплинарно проучување на културната историја на Балканските народи во контекст на целокупното културно-историско милје. Институтот ќе се залага да обезбеди репрезентативна систематизирана граѓа од истражувањата на планот на археологијата, историјата на уметност, историјата, лингвистиката, како и етнологијата.
Од сето ова произлегуваат и примарните активности во остварувањето на дејноста на Институтот за Балкански Студии – Ерол Олчок:
• собирање, систематизација, научна обработка, презентација и публикација на севкупната граѓа за историскиот и културниот идентитет на балките народи;
• организирање и изведување истражувања од областа на етногенезата на балканските народи, како и истражувања на фазите на развој на нивната култура;
• организирање и изведување истражувања од областа на историските науки, археологија, наука за јазикот - лингвистика (македонистика, туркологија, старо туркски); историја на уметност (средновековна византиска уметност, средновековна национална уметност и национална уметност од турскиот период); етнологија и етногенеза (етнологија на Балканот и фолклористика) и антропологија (културна и социјална антропологија);
• следење на научните достигнувања во земјата и во странство од областите во кои врши научноистражувачка дејност;
• организирање симпозиуми, научни собири, конференции, советувања и слично во земјата и во странство;
• соработување со сродни установи во земјата и во странство.
• спроведување истражувања за историјата, археологијата, културата, меѓународните односи, економијата и другите аспекти на Балканскиот полуостров;
• објавување на научни студии и периодични изданија; 
• организирање на конференции и други академски состаноци; iv) настава на балканските јазици, руски и полски; и v) трчање грчки летни курсеви за говорници на други јазици.
Мултидисциплинарниот пристап во научноистражувачката работа, на некој начин, ќе рефлектира на овој Институт нијанса на посебност и комплексност во заокружувањето и дефинирањето на поставените прашања или проблеми во истражувањата од соодветните области.
Во доменот на научно-истражувачката и наставно-научната дејност, Институтот акцентот ќе го става на применетите дисциплини, настојувајќи да ги спои теориските сознанија со нивната непосредна употребливост, како и да држи чекор со достигнувањата во науките што се во доменот на неговиот интерес и со потребите на корисниците;
Од аспект на критериумите и стандардите според кои се цени академскиот и експертскиот квалитет на куќата во целина и нејзините оргенизациски единици и кадри, Институтот ќе настојува и во нашата средина да бидат имплементирани истите критериуми што важат во глобалната академска заедница, разбирливо, уважувајќи ја потребата од разумен временски период за заживување на планираното;
Од аспект на организацијата и логистиката на активностите, Институтот ќе води активности како проектно базирана организација со софистициран менаџмент и силна информатичка поддршка на оперативните работи, организациските процеси и одлучувањето.

Во својата вкупна дејност, Институтот ќе остварува соработка со повеќе академски,    владини и невладини институции и асоцијации од странство. Во таа смисла, Институтот ќе се јавува како реализатор на редица проекти во локално и меѓународно ниво.
Примарни активности на делување на МУВ “Институтот за Балкански Студии- Ерол    Олчок” согласно Програмата за работа се:

 Едукативна сфера 
1. Реализација на меѓународни студиски програми на втор и трет циклус на студии согласно ЕКТС, во соработка со високообразовни и научно-истражувачки институции;
2. Национална и меѓународна соработка во сите релевантни области на дејствување, со институции од научно-истражувачката дејност и високото образование- Универзитети, Институти, Академии и други неформални организации;
3. Развој и унапредување на издавачката дејност, преку публикација на списанија, монографии, разни прирачници за самостојно учење, се со цел да се овозможи лесен пристап до информации од јавен карактер и за осознавање на моменталната состојба на достигнувањата во науката;
4. Обука за учење по “e-learning” модел, со цел да се овозможи учење од далечина по современи специјално дизајнирани курсеви, со динамика согласно потребите на општеството;
5. Прилагодени програми кои им помагаат на организациите да се разберат импликациите од  сопствените процеси, помагајќи им да ги проценат ризиците и можностите за создавање на вредност во контекст на сопствените операции, со  изнаоѓање на начини за добивање на општествена корист и корист за животната средина;
6. Развивање на одржливо лидерство, како предуслов за продуктивност, квалитет и конкурентност на долг рок.

Научно-истражувачка сфера
1. Развивање на современи иновативни модели за далечинско и доживотно образование и истражување;
2. Развивање на современи форми на обука и стекнување на вештини;
3. Прилагодени решенија за учење, кои се резултат на работа со организации и нивните тимови, за да се дизајнираат содржини и програми за задоволување на многу специфичните потреби на индивидуалните професионалци и на организациите;
4. Организирање на широк спектар на домашни и меѓународни научни трибини, конференции, семинари, работилници, конгреси;
5. Развој на иницијативи за истражувања во областа на психологијата, филозофијата, историјата, економијата, правото итн итн.;
6. Евалуација на примената на научно-истражувачките достигнувања.

Експертската сфера
1. Подготовка на експертски мислења, ревизии, извештаи, проекти и др.;
2. Експертизи кои се однесуваат на јавното мислење и постмодерен живот; современите комуникации, книжевноста, уметноста, архитектурата, социјалните разлики, ставовите кон малцинските групи, глобализација, развојот на псико-социолошките процеси. Управување со критични групи и сл. 

Консултантска сфера
1. Наменско дизајнирани консултантско-советодавни услуги;
2. Консултански услуги во подготовка, финализација на документација и учество во национални, регионални, меѓународни, европски и светски проекти.
3. Консултантски услуги во подготовка, финализација на документација и учество во процесот на користење на финансиски средства од национални и меѓународни фондови.

Сфера на добри пракси
1. Промоција и негување на принципот на „работа-студирање“ на студентите во текот на нивниот студиски престој на универзитетите;
2. Промоција и развој на волонтерската пракса за создавање на квалитетни човечки ресурси со високи морални и етички вредности, и високо изразена грижа за другите;
3. Воведување на награди за модели на извонредност во работењето на советодавни центри.

На планот на афирмацијата на Балканските јазици и Старотурскиот Јазик, на литературата, на фолклорот и на националната историја, како најголеми национални вредности, Институтот ќе реализира повеќе заеднички активности со преостанатите национални и меѓународни иснтитути. 

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi