ИНСТИТУТОТ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ


ЗА ИНСТИТУТОТ

Институтот за општествени науки при  Меѓународен Универзитет Визиион  го зазеде своето место во структурата на универзитетот во 2018 та година и иницираше истражувачки активности во истата академска година.

Мисија и Визија 

Да опстанеме и да станеме водечка институција во регионот, препознатлива по истражувања од светска класа и висококвалитетно постдипломско образование.

Да се креираат квалитетни домашни и меѓународно признаени фундаментални и применети истражувања во сите истражувачки области  застапени во институтот, со зајакнување на јаките страни.
Да се подигне квалитетот и диверзитетот на постдипломските студии со употреба на напредна истражувачка методологија,  примена на новите достигања во секое подрачје на студирање и подобрување на инфраструктурните услови за студирање.
Меѓународна соработка и мобилност на студенти: Да се унапреди меѓународната соработка и комуникација на институтот со организации асоциијации во слични или исти подрачја на истражување.
 
Да се унапреди реномето на вработените на институтот со промовирање на научните достигања и презентација на резултатите како на домашен така и на регионален и меѓународен план и да  се подигне нивото на придонес од страната на институтот на економски, социјален, културен и образовен план, со унапредување на  соработката со јавноста.


Акредитација


Институтот за општествени науки е  акредитиран во 2018 година.


            - Акредитација на Институтот за општествени науки:  Кликнете на врската за да пристапите до документот за акредитација.



ДЕЈНОСТ НА ИНСТИТУТОТ 

Институтот за Општетвени Науки е научна установа која работи на наставно-образовната дејност, основни, применети и развојни мултидисциплинарни научни истражувања, како и на нивно постојано унапредување во областа на психологијата, правото, економијата образованието, експертската и консултантската работа, со цел применливост на научните сознанија,  споделување и популаризација на стекнатите сознанија со индивидуалци, и со јавниот и приватниот сектор на национално, регионално и меѓународно ниво. 
Од аспектот на правните науки; Институтот за Општетвени Науки континуирано ќе го промовира проучувањето на правната наука и позитивното право преку проучување на проблемите поврзани со владеењето на правото, човековите права, современите законски тенденции во светот. Активноста на Институтот за Општетвени Науки е од интерес за развојот на европскиот правен систем, бидејќи го следи и проучува развојот на двете правни институции на Република Македонија и компаративните правни системи на европските и другите земји. 
Компаративно истражување, следење на научните насоки и континуирано подобрување на правната наука во Македонија и од гледна точка на тимска работа, проектна работа и индивидуална истражувачка работа. Институтот ги дефинира и обработува релевантните научни области од областа на граѓанското, медицинското и јавното право, со посебен осврт на применливите стандарди за човекови права во овие области.
Од аспектот на јавното мислење; Истражување на јавното мислење (методологија, структура и динамика на јавното мислење); истражување на политички системи, политичко и гласачко однесување, предвидување изборни резултати; проучувањето на политичката комуникација, медиумите и јавноста; истражува специфични социјални настани во тек и социјални групи (политичка култура, вредност, и меѓуетничките меѓурелигиските однесува, елита, младите луѓе, жените, начин на живот); креирање и одржување база на податоци за јавното мислење и други емпириски истражувања во Македонија; теоретско истражување на политиката; консултантски услуги. 
Развивање на истражување врз основа на најновите научни пристапи, кои ги комбинира социјална психологија, политичка психологија, статистика, како и интердисциплинарни студии (социологија, историја, комуникациски студии, антропологија).
Развој на основни и применети истражувања во модерната ера - современите комуникации, човековите права, екстремизам, човечката безбедност, родови прашања, социјалните разлики, ставовите кон малцинските групи, кои се релевантни за истражувањето на дискриминацијата и нееднаквоста во Регионот.
Од аспектот на економските науки; Се однесува на теоретски и емпириски истражувања и студија за економската реалност во Регионот. Теоретски студии кои се однесуваат на системот на отворени слободна пазарна економија, транзиција, глобализацијата, регионален развој, пазарот на трудот и економска нееднаквост, управување со човечките ресурси, меѓународната економија. Применети истражувања се фокусира на програми, методи, модели на приватизација, проценка на капитал, инвестициони програми, бизнис планови, анализа на регионалниот развој, анализа на пазарот на труд и економската нееднаквост, сиромаштијата и социјалната политика.
Во врска со спроведување на истражување во различни области на економски науки: на пазарот на труд и економската нееднаквост, сиромаштијата, невработеноста, надворешната политика, анализа на билансот на плаќања, девизниот курс, управување со човечките ресурси, економска политика и развој, финансиската стабилност. Една од целите во однос на постојана обука на истражувачите и поттикнување на креативноста и иновациите во сите области на истражување. Анализите, студиите и проектите се спроведуваат со цел сеопфатно разбирање на современите економски проблеми и стимулирање на економскиот раст.
Главните правци на делување се во научно-истражувачкото подрачје на општествените науки, во научно-истражувачките полиња економски науки, правни науки, образование, психологија, организациони науки и управување (менаџмент), односно во научно-истражувачките области од соодветните научно-истражувачки области. 
Главната цел и придобивка од постоењето на МУВ Институтот за општетвени науки е проактивно учество во градење на  јавното разбирање. Основна дејност на институтот за Општетвени науки претставува научно-истражувачката работа од областа на психолошките, правните, едукативни, економските науки, образованието, оспособување и усовршување на научно-истражувачки кадри, создавање и развој на научно-истражувачка инфраструктура, издавачка дејност, како и други активности непосредно врзани со остварувањето на основната дејност.

МУВ Институтот за Општетвени Науки својата Програма за работа ќе ја посвети, кон афирмација и реализација на колективна акција со партнерите и високообразовни инситуции, за: 

• научно да ги проучува општетвените појави во земјата, 

• да го поттикнува и организира проучувањето на прашањата од општетвените науки и од развитокот на општеството;

• да ги разработува и усовршува истражувачките методи во општествените науки;

• да работи на усовршување на научните кадри и да подготвува научен подмладок од областа на општетвените науки;

• да обезбедува материјални и други услови за студиска и истражувачка работа;

• да организира разни форми на работа со стручни кадри, заради нивно оспособување за самостојна научна работа;

• да организира собирање на документација за изведување на практична настава и вежби на наставата на факултетите и општествените науки на Меѓународниот Универзитет Визион во Гостивар;

• да организира претставување на проблемите од областа општетвените науки по пат на советувања, дискусии и други погодни форми;

• да ги обезбедува и непосредно соопштува резултатите од својата научноистражувачка работа;
• да издава публикации;

• да развива сестрана научна соработка со соодветните установи, организации и поединци што се занимаваат со проучување на општетвените науки во земјата и странство.

Во доменот на научно-истражувачката и наставно-научната дејност, Институтот акцентот ќе го става на применетите дисциплини, настојувајќи да ги спои теориските сознанија со нивната непосредна употребливост, како и да држи чекор со достигнувањата во науките што се во доменот на неговиот интерес и со потребите на корисниците;
Од аспект на критериумите и стандардите според кои се цени академскиот и експертскиот квалитет на куќата во целина и нејзините оргенизациски единици и кадри, Институтот ќе настојува и во нашата средина да бидат имплементирани истите критериуми што важат во глобалната академска заедница, разбирливо, уважувајќи ја потребата од разумен временски период за заживување на планираното;
Од аспект на организацијата и логистиката на активностите, Институтот ќе води активности како проектно базирана организација со софистициран менаџмент и силна информатичка поддршка на оперативните работи, организациските процеси и одлучувањето.
Во својата вкупна дејност, Институтот ќе остварува соработка со повеќе академски,    владини и невладини институции и асоцијации од странство. Во таа смисла, Институтот ќе се јавува како реализатор на редица проекти во локално и меѓународно ниво.
Примарни активности на делување на МУВ Институтот за Општетвени Науки согласно Програмата за работа се:

Едукативна сфера 
1. Реализација на меѓународни студиски програми на втор и трет циклус на студии согласно ЕКТС, во соработка со високообразовни и научно-истражувачки институции;
2. Национална и меѓународна соработка во сите релевантни области на дејствување, со институции од научно-истражувачката дејност и високото образование- Универзитети, Институти, Академии и други неформални организации;
3. Развој и унапредување на издавачката дејност, преку публикација на списанија, монографии, разни прирачници за самостојно учење, се со цел да се овозможи лесен пристап до информации од јавен карактер и за осознавање на моменталната состојба на достигнувањата во науката;
4. Обука за учење по “e-learning” модел, со цел да се овозможи учење од далечина по современи специјално дизајнирани курсеви, со динамика согласно потребите на општеството;
5. Прилагодени програми кои им помагаат на организациите да се разберат импликациите од  сопствените процеси, помагајќи им да ги проценат ризиците и можностите за создавање на вредност во контекст на сопствените операции, со  изнаоѓање на начини за добивање на општествена корист и корист за животната средина;
6. Развивање на одржливо лидерство, како предуслов за продуктивност, квалитет и конкурентност на долг рок.

Научно-истражувачка сфера
1. Развивање на современи иновативни модели за далечинско и доживотно образование и истражување;
2. Развивање на современи форми на обука и стекнување на вештини;
3. Прилагодени решенија за учење, кои се резултат на работа со организации и нивните тимови, за да се дизајнираат содржини и програми за задоволување на многу специфичните потреби на индивидуалните професионалци и на организациите;
4. Организирање на широк спектар на домашни и меѓународни научни трибини, конференции, семинари, работилници, конгреси;
5. Развој на иницијативи за истражувања во областа на психологијата, филозофијата, историјата, економијата, правото итн итн.;
6. Евалуација на примената на научно-истражувачките достигнувања.

Експертската сфера
1. Подготовка на експертски мислења, ревизии, извештаи, проекти и др.;
2. Експертизи кои се однесуваат на јавното мислење и постмодерен живот; современите комуникации, човековите права, екстремизам, човечката безбедност, родови прашања, социјалните разлики, ставовите кон малцинските групи, глобализација, еколошки промени, развојот на псико-социолошките процеси. Управување со критични групи и сл. 
Консултантска сфера
1. Наменско дизајнирани консултантско-советодавни услуги;

Консултански услуги во подготовка, финализација на документација и учество во национални, регионални, меѓународни, европски и светски проекти.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi