ЗНАЧАЈНА ПОСЕТА ОД ВИЗИОН ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ


Меѓународниот универзитет „Визион“ ги посети Сервисниот центар за лица со посебни потреби и центарот за аутизам „Blue Puzzle“ во Гостивар, како дел од програмата по повод 3 декември - Светскиот ден на лицата со инвалидност. На посетата организирана од Студентскиот совет при Меѓународниот универзитет „Визион“ присуствуваа ректорот проф. д-р Ахмет Веџди Џан, дел од академскиот кадар, претседателот на студентскиот совет и голем број студенти. При посетата беа добиени информации за физичката состојба на институциите, нивната образовна инфраструктура, потребите и активностите. На крајот од посетата, на учениците кои учат во центрите им беа доделени подароци составени од специјални едукативни материјали подготвени од Универзитетот „Визион“.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi