ПОТПИШАН Е ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ХАРАН“ И МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“


Ректорот на Универзитетот „Харан“ проф. д-р Мехмет Тахир Ѓуллуоглу го посети Меѓународниот универзитет „Визион“ со неговата придружна делегација. Во име на Универзитетот „Визион“, проректорот проф. д-р Менсур Нуредин ги пречека гостите. За време на посетата се разговараше за можни соработки меѓу двете институции и беа преземени значајни чекори во овој контекст.

На средбата детално се разговараше за можни соработки за различни прашања како што се програми за академска размена, заеднички истражувачки проекти, културни настани и студентска размена. Како резултат на средбите беше потпишан протокол за соработка меѓу двата универзитета.

Проректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Менсур Нуредин и ректорот на Универзитетот „Харан“ проф. д-р Мехмет Тахир Ѓуллуоглу го потпиша протоколот за соработка на церемонијата одржана во салата на Сенатот. Двајцата претставници истакнаа дека овој протокол ќе ја зајакне меѓуинституционалната соработка и ќе даде значаен придонес во областа на образованието и истражувањето.

По церемонијата на потпишување на протоколот, делегациите имаа можност да го посетат универзитетскиот кампус и да го разгледаат сработеното на лице место. Посетата беше оценета како важен чекор кон воспоставување солидна и одржлива соработка меѓу двата универзитета.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi