ПУБЛИКАЦИИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“


Меѓународниот универзитет „Визион“ објави 9 академски учебници на турски јазик во различни гранки во академската 2023 година. Книгите, кои ги опфаќаат областите на архитектурата, градежништвото, психологијата, културната историја и право, се напишани лично од професори од Меѓународниот универзитет „Визион“. Нашиот Универзитет е еден од ретките универзитети на Балканот и Европа којшто издава академски учебници на турски јазик надвор од Турција, и ќе продолжи со издавачкиот проект на академски учебници на турски јазик што го иницира од 2021 година (којашто беше прогласена како „Јунус Емре година“од страна на УНЕСКО). Со гордост би сакале да споделиме со јавноста дека досега се објавени вкупно 18 академски учебници како публикации на Меѓународниот универзитет „Визион“, целосно преку свои средства.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi