ВИЗИОН ЈА ПРЕТСТАВУВАШЕ Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО УНИВЕРЗИТЕТОТ ВИЛНИУС ВО ЛИТВАНИЈА


Проект за дигитална трансформација во дефектологија: Меѓународна средба на Универзитетот Вилниус- Литванија

Во периодот од 10-12 јуни, на Универзитетот Вилниус во Литванија се одржа важна меѓународна средба во рамките на Проектот за дигитална трансформација во областа на дефектологијата. На оваа манифестација, Република Северна Македонија и Меѓународниот Универзитет Визион беше претставен  од страна на проф. д-р Арафат Усеин, кој со својата презентација даде придонес во проектот.

Овој проект, поддржан од Европската Унија, ги собра универзитетите од различни земји со цел да дискутираат за интеграцијата на дигиталните технологии и иновативните образовни методи во областа на дефектологијата. Во проектот учествуваа три универзитети од Турција, како и универзитети од Литванија, Холандија,  Хрватска и Р.С.Македонија.

Дигиталната трансформација во дефектологија претставува голема можност за подобрување на образовните процеси за учениците со посебни потреби и за правење на образованието подостапна за оваа категорија за слушители. Овој проект е организиран со цел да се истражуваат дигиталните алатки и методи како можат да се користат во дефектологијата и да се споделат најдобрите практики.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi