ПОСЛЕДНИОТ ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ГО ПОСЕТИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“


Г. Бинали Јилдирим, последниот премиер на Република Турција и претседател на Советот на сениори на турските држави, го посети Меѓународниот универзитет „Визион“. Во име на Меѓународниот универзитет „Визион“, срдечно добредојде му посакаа покрај, ректорот проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа, проректорите проф. д-р Абдулмеџид Нуредин, проф. д-р Менсур Нуредин, проф. д-р. Зоран Филиповски, претседателот на Турската демократска партија д-р Бејџан Илјас, претседател на Турското движење за национално единство Ердоган Сарач, Министерот за регионален развој на Република Косово и претседател на КДТП Фикрим Дамка, секретарот на премиерот на Република Северна Македонија доц. д-р Муједин Кавеџи, универзитетските професори и голем број на студенти. По пречекот, во салата на Сенатот се одржа средба на двете делегации. На средбата што се одржа под раководство на ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, г. Бинали Јилдирим беше информиран за студиите што ги спроведува Универзитетот и за проблемите со кои се среќава до денес.

По средбата беа посетени единиците на Универзитетот.

Би сакале да му се заблагодариме на г. Бинали Јилдирим за топлиот пристап кон нашиот Универзитет и неговата посета.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi