ПОСЕТА ОД МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Претставници од „Визион“, студенти и професори го посетија претседателот на Република Северна Македонија. Посетата беше спроведена во рамките на проектот „Отворен кабинет“, каде што покрај топлиот и пријателски пречек на претседателот г. Стево Пендаровски во претседателскиот дом, преку разговор беа презентирани и важни информации за управувањето на државата, неговите ставови за актуелни прашања и улогата на младите.

Во рамките на оваа посета, покрај студентите на Меѓународниот универзитет „Визион“, присуствуваа и деканката на Правниот факултет доц. д-р Весна Попоска, деканот на Архитектонско-техничкиот факултет, доц. д-р Ајбејан Селим,  и професорите доц. д-р Азам Корбајрам, д-р Фримзим Даути, ас. м-р Елиф Хоџа и ас. м-р Тевфик Џан Инан.

Од име на целото семејството на Меѓународниот универзитет „Визион“, благодарни сме за пречекот на персоналот во кабинетот на претседателот, а особено сме благодарни на претседателот г. Стево Пендаровски за интересот и за гостопримството.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi