ВО ВИЗИОН СО УЧЕСТВО НА СТУДЕНТИ ОД 4 ЗЕМЈИ, СЕ ОДРЖА 5. МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК НА ЕРАЗМУС


Почетниот состанок на проектот за интензивна комбинирана мобилност на образовната програма Erasmus+ K131 се одржа на 13 мај 2024 година во свечената сала на Меѓународниот Универзитет Визион во соработка со Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност на Република Северна Македонија. Координаторите и студентите од Турција, односно од Универзитетот за применети науки Сакарја и од Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим, како и од Србија, односно од Интернационалниот Универзитет во Нови Пазар, се сретнаа со гостите од други европски земји.

Во рамките на студентската мобилност на Erasmus, група од 35 студенти кои дојдоа од странство ќе посетуваат предавања од страна на професорите на Универзитетот Визион за време од една недела.

На отворањето на состанокот, ректорот на Универзитетот Визион, проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН и основачкиот ректор на Универзитетот, проф. д-р Фадил ХОЏА, истакнаа дека меѓународното образование не само што им обезбедува на студентите глобална перспектива, туку исто така го поттикнува дијалогот и соработката меѓу различните култури. На програмата, исто така, зборуваа и проректорот на Универзитетот Визион, проф. д-р Зоран ФИЛИПОВСКИ, претставникот на Интернационалниот Универзитет на Нови Пазар, проф. д-р Ергин ХАКИЌ и д-р Нагихан ОКУМУШ од Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим.

Во другиот дел од програмата, институционалниот координатор на Erasmus+ на Универзитетот Визион, проф. д-р Арафат УСЕИН, заедно со наставниците проф. д-р Ајбејан СЕЛИМ и доц. д-р Ебру ИБИШ, им дадоа информации на студентите за предавањата што ќе ги следат за време од една недела.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi