УЧЕСТВО НА ВИЗИОН НА 3. ОБРАЗОВЕН САМИТ ВО ИСТАНБУЛ


Третиот образовен самит Истанбул се одржа во организација на турската фондација „Маариф“ со тема „Управување со промените во образованието“.

На самитот, кој ги собра министрите за образование од три земји и истакнати светски просветни работници и академици во Истанбул, се разговараше за предизвиците на луѓето, опкружени со вештачка интелигенција, биотехнологија и слични технологии во ера на дигитализација, а притоа да ја задржат својата способност за критичко размислување и да останат хумани.

На самитот на кој присуствуваа најзначајните просветни работници, академици и менаџери во секторот за образование од повеќе од 50 земји, присуствуваа и ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан и проректорот проф. д-р Абдулмеџит Нуредин. Министрите за образование на некои земји присуствуваа и на сесијата на високо ниво насловена „Управување со промените во образованието“.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi