СЕ ПОТПИША АКАДЕМСКИ ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ВИЗИОН И УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГАЗИ“


Потпишан е протокол „Образовано-научна, академска и културна соработка“ помеѓу Меѓународниот универзитет „Визион“  и Универзитетот „Гази“. На церемонијата на потпишувањето што се одржа на Универзитетот „Гази“ присуствуваа ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан, проректорите проф. д-р Менсур Нуредин и проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, претседателот на фондацијата „Шар Вардар“, г. Мефаил Реџеп, ректорот на Универзитетот „Гази“ проф. д-р Муса Јилдиз, проректорите проф. д-р Јуџел Гелишли, проф. д-р Рамазан Бајиндир, ректорските советници проф. д-р Халил Ибрахим Булбул, доц. д-р Темел Чакироглу, координаторот за социјални прашања и општествен придонес проф. д-р Селами Џандан, директор на Институтот за природни науки доц. д-р Угур Ѓокмен, генералниот секретар Рагип Акјурук, замениците на генералниот секретар Мехмет Али Озкан и Ајхан Селчук.

Воведниот говор на протоколарната церемонија го имаше ректорот на Универзитетот „Гази“ проф. д-р Муса Јилдиз, кој рече: „Денес ќе потпишеме нова соработка со многу важен универзитет“. Ректорот проф. д-р Муса Јилдиз изјави дека во 2023 година имплементирале многу смислен протокол, кој се совпаѓа со основањето на турската република и дека со оваа соработка ќе спроведат значајни активности. Со надеж дека протоколот ќе биде корисен, ректорот проф. д-р Муса Јилдиз својот говор го заврши со благодарност до оние кои придонесоа за организација на церемонијата.

Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан го започна својот говор информирајќи дека Меѓународниот универзитет „Визион“ обезбедува образование на турски јазик. Наведувајќи дека Универзитетот „Гази“ е универзитет познат во целиот свет, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан рече: „За нас е многу важно да имаме ваква академска соработка со Универзитетот „Гази“. За гостопримство и пруженото пријателство, би сакал многу да му се заблагодарам ректорот на Универзитетот „Гази“ проф. д-р Муса Јилдиз. На тој начин го заврши својот говор.

Церемонијата заврши со групна фотографија направена по потпишувањето на протоколот.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi