ВИЗИОН И БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА Р.С МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА


Помеѓу Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Меѓународниот Универзитет Визион е потпишан важен договор за соработка. Овој протокол е потпишан од страна на директорот на Бирото за развој на образованието на Република Северна Македонија, г-дин Фета Фета, и ректорот на Меѓународниот Универзитет Визион , проф. д-р Ахмет Веџди Џан, во име на нивните институции.

Договорот има за цел реализирање на заеднички проекти за развој на образованието во нашата земја. Во овој контекст, ќе се соработува во области како што се развој на наставни програми, едукација на наставници и подготовка на образовни материјали.

Оваа соработка ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и за популаризација на турскиот јазик, и ќе поставува основа за долгорочно и продуктивно партнерство меѓу двете институции. Со потпишувањето на овој  протокол, се очекува да се зајакнат образовните активности во Р.С Македонија и да се усогласат според меѓународните стандарди.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi