МЕЃУНАРОДЕН ПАНЕЛ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА


На 6 декември 2023 година, во свечената сала на Меѓународниот универзитет „Визион“ се одржа меѓународен панел по повод денот на човековите права, денот кога беше усвоена Универзалната декларација за човекови права. Модератор на панелот беше деканката на Правниот факултет при  МУВ, доц. д-р Весна Попоска, а како говорници на панел-дискусијата учествуваа проф. д-р Андреа Минто од Универзитетот „Ca’Foscari“ од Венеција, Италија и Универзитетот „Stavanger“ од Норвешка, Серџим Мухамед, дипломат при Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и како претставник на МУВ доц. д-р Ебру Ибиш.

Панел-дискусијата започна со воведниот говор на ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, кој на учесниците им го објасни значењето и важноста на денот. Панелот продолжи со презентации на учесниците, а во последниот дел одговараа на прашања од студентите.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi