СЕНАТ


Универзитетскиот сенат е орган на управување и стручен орган кој го сочинуваат претставници од единиците на универзитетот, придружните членки и од универзитетскиот студентско собрание.

Членовите на сенатот од единиците на универзитетот се избираат со тајно гласање од страна на членовите на наставно-научниот, односно наставничкиот или научниот совет за време од три години, со право на уште еден избор.

Ректорот и проректорите се членови на Сенатот по положба, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседатели на сенатот.

Мандатот на членовите на Сенатот трае три години со право на уште еден избор. Мандатот на претставниците на студентите трае една година без право за повторен избор. Постапка за разрешување на избран член на Сенатот може да се поведе од претседателот на Сенатот во случај на три последователни неоправдани отсуства. За разрешување одлучува Сенатот со мнозинство гласови. Доколку се разреши избраниот член на Сенатот се известува одредениот наставно-научен совет за предлог на нов член на Сенатот. Свикувањето и работата на Сенатот поблиску се уредуваат со Правилникот за работа на Сенатот.

 

Надлежности на Универзитетскиот сенат

Сенатот на универзитетот:

1. донесува статут на универзитетот и дава согласност на статутите на единиците во неговиот состав,

2. одлучува за наставната, научната, уметничката и високостручната (применувачка) дејност,

3. ги усвојува студиските програми на факултетите и на научните институти во негов состав кои вршат високообразовна дејност согласно со закон,

4. одлучува за основање и престанок на внатрешни организациони единици, организации и трговски друштва,

5. одлучува за статусни промени во согласност со закон,

6. утврдува мислење за престанокот на потребата од постоење на определени единици на универзитетот и за нивното трансформирање,

7. донесува годишна и тригодишна програма за развој и работа на универзитетот,

8. дава мислење и поднесува предлози на Програмата за високообразовна дејност и дава мислење по годишната програма за развој на единиците во неговиот состав,

9. го усвојува годишниот извештај за работа на универзитетот, поднесен од Ректорот,

10. донесува програма за инвестиции на универзитетот,

11. избира универзитетска изборна комисија,

12. решава за потврдување на суспензијата на декан, односно директор на единицата на универзитетот,

13. го потврдува изборот на декан, односно директор на единиците на универзитетот,

14. одлучува за доделувањето на титула почесен доктор на науки (doctor honoris causa), звањето почесен професор на универзитетот (profesor honoris causa) и звањето професор емеритус,

15. донесува правилник за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, наставно-стручни, научни, наставни и соработнички звања,

16. донесува правилници за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трите циклуси на студии

17. донесува правилник за единствениот кредит трансфер систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга единица на универзитетот,

18. донесува правилник за издавањето на дипломи, додаток на дипломи, стручниот, односно научниот назив и други документи за завршени студии на високо образование и за условите и постапката за одземање на издадената диплома,

19. донесува правилник за начинот на кој се вршат стручно-административните работи од заеднички интерес на единиците на универзитетот,

20. донесува правилник за организирање на издавачката дејност и одлучува за издавачката дејност,

21. донесува програма за меѓународна соработка,

22. на предлог на ректорот избира и разрешува генерален секретар на универзитетот,

23. формира комисија за самоевалуација на универзитетот и ги избира нејзините членови,

24. донесува деловник за работа на сенатот,

25. презема мерки за унапредување и заштита на стандардот на студентите и вработените,

26. избира претседател на сенатот,

27. донесува општ акт за уредување на работата на центарот за кариера на универзитетот,

28. избира вршител на должноста ректор согласно со закон,

29. од редот на професори на универзитетот избира овластено лице за прием на пријави на корупција,

30. донесува Упатство за самоевалуација и обезбедување и оценување на квалитетот на универзитетот и неговите единици во согласност со Правилникот за стандардите и постапката за самоевалуација и надворешна евалуација кој го донесува Националниот совет за високо образование,

31. на предлог на универзитетското студентско собрание, избира студентски правобранител,

32. донесува програма за обезбедување на технологија и/или адаптација на просторот во кој се одвива наставата заради овозможување пристап до високото образование на лицата со попреченост и

33. врши други работи утврдени со закон и со статутот на универзитетот.

Претседател на Сенатот

Со работата на Сенатот претседава претседателот на Сенатот. Претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите со тајно гласање за период од една година, со право на уште еден избор. За избор на претседател на Сенатот, Сенатот може да одлучува доколку на седниците присуствуваат најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот, а одлучува со мнозинство од присутните членови. Право да предложи претседател на Сенатот има секој член на Сенатот. Доколку во првиот круг не се избере претседател, гласањето се повторува, така што во секој нареден круг отпаѓа лицето што добило најмал број гласови. Ако ниедно лице не го добие потребното мнозинство гласови, постапката се повторува со предлагање друго, односно други лица за претседател.

Претседателот на Сенатот ги свикува седниците на Сенатот. Претседателот на Сенатот е должен на барање на најмалку една петтина од членовите на Сенатот, или на барање на ректорот да свика седница на Сенатот.

Мандатот на претседателот на Сенатот престанува пред истекот на периодот за кој е избран во случај на непочитување на законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот. За престанување на мандатот одлучува Сенатот на начин и постапка како за неговиот избор.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi