ПРОФ. Д-Р ИЛЈАС ТОПСАКАЛ ОДРЖИ КОНФЕРЕНЦИЈА ВО „ВИЗИОН“ НА ТЕМА „ТУРЦИТЕ НА БАЛКАНОТ И ТУРСКИОТ СВЕТ


На 3 март 2024 година (среда) во 13:00 часот со учество на проф. д-р Иљас Топсакл, пратеник од МХП Самсун во турското Собрание, се организираше конференција насловена „Турците на Балканот и турскиот свет“ во церемонијалната сала на Меѓународниот универзитет „Визион“.

Конференцијата беше модерирана и отворена од страна на ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан. На импресивната конференција одржа од страна на проф. д-р Иљас Топсакл беше објаснета богатата текстура на турската култура и историја. Топсакал на учесниците им даде длабински поглед, фокусирајќи се на важноста на балканските Турци и турскиот свет.

Конференцијата започна со истакнување на богатата историја и културната различност на балканската географија. Топсакал детално говореше за трајното наследство коешто го остави Отоманската империја во регионот и за трагите на турската култура на Балканот.

Нагласувајќи дека балканските Турци се важен носител на турската култура и јазик на Балканот, Топсакал изјави дека овие заедници имаат силни врски со турскиот свет. Воедно, тој ја истакна улогата на Турција на Балканот и нејзината важност во турскиот свет, нагласувајќи ја стратешката важност на турското присуство во регионот.

Присутните на конференцијата изјавија дека ова е важен чекор кон зајакнување на единството и солидарноста на турскиот свет и имаа можност да дознаат повеќе за балканските Турци и турскиот свет. Оваа вредна конференција на Иљас Топсакал привлече големо внимание кај претставниците на политичките партии, претставниците на граѓанските организации и многуте студенти. На крајот од програмата, на проф. д-р Иљас Топсакл му беше врачена плакета од ректорот на МУВ, проф. д-р Ахмет Веџди Џан

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi