ПРАТЕНИКОТ ОД АК ПАРТИ, ЕРТУГРУЛ КОЏАЏИК, ГО ПОСЕТИ ВИЗИОН


За време на посетата, пратеникот Ертугрул Коџаџик се сретна со раководството на универзитетот и доби информации за активностите на универзитетот. Во текот на средбата со ректорот на универзитетот, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, пратеникот беше детално информиран за моменталната состојба на универзитетот, за спроведените активности и за идните проекти. Дополнително, пратеникот изврши увид во физичките и инфраструктурните капацитети на универзитетот, техничката и технолошката опрема, и беше информиран за меѓународниот карактер на студиските програми, студентите и академскиот кадар на универзитетот. По средбата, пратеникот ги посети научно-истражувачките лаборатории, симулациската судница, лабораториите за здравствени науки и библиотеката, каде што имаше можност да ги разгледа академските учебници издадени од Универзитетот Визион, изразувајќи го своето задоволство за посветеноста и во областа на издавачката дејност.

Во своето обраќање за време на посетата, пратеникот Ертугрул Коџаџик ја истакна важноста на Меѓународниот Универзитет Визион како единствен универзитет во регионот кој нуди настава на турски јазик, потенцирајќи ја важноста на образованието на мајчин јазик. Тој ја сумираше својата поддршка на универзитетот со следните зборови: „Универзитетите се клучни институции кои ги подготвуваат младите луѓе – иднината на едно општество. Меѓународен Универзитет Визион е пример за соживот, за квалитетно образование и иновативни проекти во оваа област. Оваа посета е доказ за нашата поддршка и интерес за универзитетот.“

На крајот од посетата, нашиот ректор му изрази благодарност на пратеникот за поддршката и посетата на нашиот универзитет.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi