6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН


По повод 21 декември, денот на турското образование во Северна Македонија, Меѓународниот универзитет „Визион“  ја прослави 9-годишнината од формирањето на Универзитетот и ја организира 6. церемонија на доделување на дипломи.

На церомонијата која се одржа во Домот на културата во Гостивар присуствуваа ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, заменик генералниот секретар на „ТУРКСОЈ“, Сајит Јусуф, членот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Фатмир Скендер, претседател на Турската демократска партија и пратеник д-р Бејџан Илјас, секретарот на премиерот на Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи, државниот советник за образовни политики при Министерството за образование и наука на Северна Македонија, Ѓонул Бајрактар, директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи, пратеникот во Собранието на Северна Македонија, проф. д-р Халил Снопче, пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Драгољуб Филиповски, претседателот на Претседателскиот советодавен совет на Република Косово, д-р Атакан Коро, директорот на Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Серхат Кула, секретарот при Министерството за здравство на Северна Македонија, д-р Јусуф Хасан, основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, проректорите, членовите на одборот на донатори на Меѓународниот универзитет „Визион“, раководителот на катедрата за турски јазик и литература при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Махмут Челик, поранешниот министер Хади Незир, деканите, универзитетските професори, претставниците на политичките партии, претставниците на невладините организации, наставниците и студентите.

По интонирањето на националните химни на Северна Македонија и Турција, беше споделено видео со наслов „Борбата за постоење на турскиот јазик во Македонија“ и презентација на активностите и достигнувањата на Меѓународниот универзитет „Визион“ од неговото формирање.

Ректорот, проф. д-р Ахмет Веџди Џан изјави дека со задоволство ја прославуваат 9-годишнината од основањето на Универзитетот и им честиташе на шестата генерација што дипломира. Исто така изјави дека се среќни што стигнале овие денови кога Визион постои како прв и единствен универзитет кој обезбедува образование на турски јазик не само во Гостивар, Северна Македонија, туку и во цела Европа надвор од Турција.

Заменик генералниот секретар на „ТУРКСОЈ“, Сајит Јусуф, ги поздрави гостите и им честиташе на сите кои придонесоа Универзитетот да достигне овие денови.

Претседателот на Турската демократска партија и пратеник во Собранието д-р Бејџан Илјас ја изрази својата почит кон сите учители кои се бореле и продолжуваат да се стремат за продолжување на турското образование дури и под најтешките услови од 1944 година.

По поздравните говори и честитките на претседателот на претседателскиот советодавен совет на Република Косово, д-р Атакан Коро, членот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Фатмир Скендер и директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, во продолжението на програмата им беа доделени плакети на институциите и на поединците коишто придонесоа за Универзитетот.

На крајот од програмата им беа доделени плакети на студентите кои беа избрани како најдобри во својата генерација на докторски, магистерски и додипломски студии, а на дипломците им беа врачени дипломи.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi