Ректор



Проф. д-р Ахмет Веџди ЏАН

РЕКТОР
на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-ГОСТИВАР

Биографија

Роден е во Анкара во 1974 година. Основното образование го завршил во Германија, средното образование гимназија го завршил во Сакарија, а додипломските студии во Трабзон. Дипломирал во 1996 година на Катедрата за бизнис администрација  при Факултетот за економски и административни науки при Техничкиот универзитет „Карадениз“. Магистрирал во 1998 година и докторирал во 2002 година на Катедрата за бизнис администрација, сметководство и финансии при Институтот за општествени науки при Универзитетот „Сакарија“.

Започнал да работи како асистент на истиот институт во 1997 година. Во 2002 година станал доцент на Катедрата за бизнис администрација при  Факултетот за економски и административни науки при Универзитетот „Сакарија“, а потоа и вонреден професор на Катедрата за сметководство и финансии при истиот универзитет. Со формирањето на Факултетот за бизнис администрација, од 2011 година работел како редовен професор на овој факултет.

Во периодот помеѓу 1993-1994 година престојувал на Универзитетот „Кристијан Албрехтс“ во Кил (Германија). Во периодот помеѓу 2000-2002 година, работел како визитинг предавач на Универзитетот во Хамбург (Германија). Во периодот помеѓу 2002-2003 година, ја извршувал функцијата заменик-директор на Високото стручното училиште „Гејве“ при Универзитетот „Сакарија“, потоа во периодот помеѓу 2003-2004 година ја извршувал функцијата на основачки директор на Високото стручното училиште „Али Фуат Чебесој“ при Универзитетот „Сакарија“. Во периодот помеѓу 2005-2006 година ја извршувал функцијата на заменик-директор на Институтот за општествени науки при Универзитетот „Сакарија“ и во тој период бил и заменик раководител на Катедрата за бизнис администрација при  Факултетот за економски и административни науки. Во периодот помеѓу 2004-2005 година служел како предавач (резервен офицер) на Катедрата за сметководство и финансии на Одделот за науки за управување со системи при Турската Воена Академија. Работел како професор на Универзитетот за економија и претпријатија (Киргистан) во периодот помеѓу 2006-2008 година. Истовремено бил и проректор на Универзитетот и декан на Факултетот за бизнис администрација. Во 2007 година станува основачки декан на Факултетот за општествени науки и образование при истиот универзитет.

Исто така работел и како директор на Високото стручното училиште „Памукова“ во периодот помеѓу 2010-2011 година при Универзитетот „Сакарија“, а истата функција ја извршувал и во Високото стручното училиште „Гејве“ во периодот помеѓу 2011-2014 година.

Раководител бил на Катедрата за бизнис администрација во периодот 2016-2020 година, и раководител на Катедрата за сметководство и финансии во периодот 2016-2022 година. Го има основано Институтот за бизнис администрација при Универзитетот „Сакарија“ во 2017 година и ја извршувал функцијата на директор на овој институт до 2019 година. Во периодот од 2014 до 2020 година ја извршувал функцијата декан на Факултетот за бизнис администрација на истиот универзитет. Сè уште е директор на Центарот за апликативни истражувања во областа на сметководството и финансиите при Универзитетот „Сакарија“ (MУФАМ), кој го основал во 2019 година. Воедно, сè уште е и раководител на Катедрата за сметководство и управување со финансии, која беше основана во 2020 година.

Во Одбор за квалитет на високото образование (YÖKAK-ЈОКАК) од 2016 година ја извршува функцијата на оценувач и има активна улога во институционалната надворешна евалуација, институционалниот мониторинг и програмите за институционална акредитација. Исто така, сè уште е вклучен во евалуацијата на националните тела за акредитација. Покрај ова активен член е и на Одборот за акредитација на бизнис и менаџмент науки при здружението за акредитација „СТАР“.

Долги години работи како координатор на многу панели и конгреси, како и на научни проекти, трудови и статии, и е уредник на книги и списанија. Предавал на додипломски и постдипломски студии на многу универзитети и менторирал тези. Досега има објавено 36 книги и поглавја од книги, 74 статии и 112 трудови. Зборува германски и англиски јазик.

Во септември 2022 година започнал да работи во Меѓународниот универзитет „Визион“ каде подоцна бил избран за ректор.

Оженет е и е татко на две деца.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi